Македонскиот џеб доволно длабок само за стар автомобил!

Bez autora
Oct 25 2011

Преполовена е продажбата на стари и нови возила во земјава, бидејќи до септември годинава увезени се вкупно 32.113 возила, од коишто 4.675 нови автомобили, 25.803 употребувани автомобили, товарни моторни возила 1.569 (стари-нови) и автобуси 266 (стари-нови). Увозниците сметаат дека бројките се должат на актуелната светска криза што се рефлектира и во земјава, а поради несигурноста и нискиот стандард поголем број на граѓани се одлучуваат да купат возило за коешто ќе дадат помалку пари. Како што вели Златко Калеников, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, 2011 година е една од најслабите години во однос на продажбата на нови автомобили во земјава. Годинава забележавме пад од 9 % на увозот на нови возила во споредба со лани, иако реално за купувачите имаше бројни поволности што ги нудеа увозниците . Според него тоа се должи на последиците од светската криза, но и зголемениот увоз на стари возила, иако голем број на граѓани согледале дека погрешиле при изборот.

Македонскиот џеб доволно длабок само за стар автомобил!Преполовена е продажбата на стари и нови возила во земјава, бидејќи до септември годинава увезени се вкупно 32.113 возила, од коишто 4.675 нови автомобили, 25.803 употребувани автомобили, товарни моторни возила 1.569 (стари-нови) и автобуси 266 (стари-нови).

Увозниците сметаат дека бројките се должат на актуелната светска криза што се рефлектира и во земјава, а поради несигурноста и нискиот стандард поголем број на граѓани се одлучуваат да купат возило за коешто ќе дадат помалку пари.

Како што вели Златко Калеников, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, 2011 година е една од најслабите години во однос на продажбата на нови автомобили во земјава.

- Годинава забележавме пад од 9 % на увозот на нови возила во споредба со лани, иако реално за купувачите имаше бројни поволности што ги нудеа увозниците - вели Калеников. Според него тоа се должи на последиците од светската криза, но и зголемениот увоз на стари возила, иако голем број на граѓани согледале дека погрешиле при изборот.

Калеников појаснува дека многу од старите возила при техничките прегледи во сервисите се покажале во многу полоша состојба отколку што очекувале купувачите.

Тој потсети дека рено" и дачија" имаат акција за еколошки возила "старо за ново", но сепак, прогнозите за периодот до Нова година не се толку оптимистички.

Од Царинската управа на РМ, каде што имаат преглед на увозот на возила по месеци, утврдиле дека надобар месец годинава бил март кога во земјава се увезени и најмногу нови и најмногу стари возила. Бројот на стари возила достигнал 3.100, а на нови 608. Во пролетните месеци март, април и мај се купувале и употребувани товарни моторни возила и тоа во просек нешто повеќе од стотина.

Рекорден увоз од 107 нови автобуси е регистриран годинава во август, кога се обнови значително возниот парк на ЈСП со автобусите од Украина и двокатните од Кина.

Според табеларниот приказ на Царината, конечната бројка на увезени возила лани достигнала 62.519, од коишто 51.399 стари автомобили, 7.183 нови автомобили, товарни моторни возила 3.357 и 580 автобуси, од коишто речиси сите се нови.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik